6 Бои без кои вашата куќа не е дом
Боите претставуваат многу важен елемент во нашите животи и секоја од нив влијае различно врз нас, но и врз нашите емоции...
Со додавање на бои во вашиот дом, вие во него внесувате позитивна енергија, добро расположение и богатство.
Без овие 6 бои вашиот дом нема да делува најпријатно:
1. Жолта
Жолтата боја ќе го оживее просторот, а по фенг шуи верувањето средишниот дел на домот е идеален за оваа боја. Меѓутоа, претераната жолта може да ги измори вашите очи, па истата не е препорачливо да ја ставате зад компјутерот. Оваа боја го поттикнува размислувањето и ја зголемува интуицијата.
2. Зелена
Според фенг шуи, зелената боја ветува промени, успех и флексибилност. На болните луѓе оваа боја ќе им донесе брзо оздравување, а кога сте инспирирани пишувајте со зелено пенкало, бидејќи така и најситните мисли ќе ги напишете на хартијата. Обојте ја канцеларијата или работната соба во зелена боја и ќе ја зголемите креативноста.
3. Сина
Сината боја е воден елемент кој претставува основа за нов и успешен почеток. Таа ќе ја зајакне самодовербата и ќе ви помогне да имате подобра комуникација со луѓето околу вас. Благодарение на оваа боја полесно ќе ги решите проблемите и ќе бидете посмирени. Но, не смеете премногу да се изложувате на оваа боја, бидејќи може да има спротивен ефект.
4. Црвена
Оваа боја повикува на акција и го забрзува чукањето на срцето. Црвената се поврзува со елементот оган, кој според фенг шуи носи брзи промени. Дури и мала количина на оваа боја делува како магнет и е многу моќна. Црвената врата создава чувство на добредојде, но означува и успех и добивка.
5. Виолетова
Совршена за просториите во кои медитирате или вежбате јога е токму виолетовата. Поврзана е со богатството и се верува дека нејзиното вистинско место е во најдалечниот лев ќош на влезната врата. Почитувајќи го ова правило, во својот дом ќе внесете голема количина на позитивна енергија, која е неопходна за успех. Виолетовата боја не ја внесувајте во дневната соба, бидејќи создава негативна енергија и ја отежнува комуникацијата.
6. Портокалова
Портокаловата е идеален избор ако сакате да внесете топлина и радост во секојдневниот живот. Поврзана е со здравјето и често се користи при лекување, а таа ќе ја поттикне и појавата на позитивната енергија и ведрото расположение во секој дом. Нежните пастелни нијанси од оваа боја во секоја просторија ќе направи мала оаза на мир, која секогаш ќе биде исполнета со смеа и веселба.