Супер начини како да ја организирате вашата соба
7. Старите рамки од слики искористете ги за сместување на аксесоарот.
8. Доколку имате гардеробер само со закачалки, преуредете го и ставете повеќе полици или фиоки внатре, за да може да складирате повеќе облека.
9. Старата сушара искористете ја како закачалка за испегланите панталони.
10. На внатрешната страна од вратата може да направите посебна монтажна закачалка на која ќе ги наредите марамите или чевлите.
11. Заштедете на посебен простор и искористете го оној што го имате за да вградите монтажна даска за пеглање скриена зад некоја врата или како дел од гардероберот. Така ќе ја вадите само кога имате потреба без да ви зафаќа место.
12. За поситните работи, како чорапи или некои додатоци најдете кутии на кои ќе ставите обележување, па полесно ќе се снаоѓате.