Како бојата на просторот влијае врз вашето расположение?
Ако сакате да имате прекрасен дом, тогаш немојте да размислувате за моменталните трендови, бидејќи тие доаѓаат и поминуваат.
Боите кои преовладуваат во вашиот дом, пред сѐ треба да бидат слика за вашата личност. Единственото нешто што треба да биде важно е како вие се чувствувате во тоа опкружување.
Светлите бои го прават просторот весел и визуелно поголем, а темните нијанси делуваат топло и софистицирано.
Дознајте како одредената боја влијае врз вашето расположение:
Црвена
Црвената боја е одлична за подигнување на расположението, посебно навечер. Самата соба бојадисана во оваа боја има некоја посебна енергија. Се смета дека црвената боја го подигнува крвниот притисок, го забрзува дишењето и чукањето на срцето.
Многумина сметаат дека токму заради тоа, таа не е соодветна за во спалната соба. Меѓутоа, штом падне мрак, црвената боја во спалната соба ќе изгледа посветло, побогато и многу елегантно.
Жолта
Жолтата боја претставува синоним за среќа, а совршена е за во кујна, трпезарија или за во бањата, каде е неопходно да циркулира позитивната енергија и доброто расположение.
Но, немојте да ја бојадисувате спалната соба или детската во жолто, бидејќи се смета дека доколку премногу престојувате во жолти простории може лесно да ги „изгубите” нервите. Во ред е доколку бојадисате мали површини на ѕидот во жолта боја, но тоа нека биде умерено, во спротивно оваа боја предизвикува чувство на лутина и фрустрации кај луѓето кои престојуваат во неа.
Исто така, докажано е дека малите бебиња повеќе плачат во жолти соби.
Сина
Бојата на спокојот и мирот, ќе го намали вашиот крвен притисок и ќе го забави дишењето и работата на срцето.
Најмногу се препорачува за спалната соба и бањата, но внимавајте на нијансите, светлите тонови на сината боја делуваат ладно и стерилно. Затоа, секогаш одберете тиркизна или небесно сина боја, заради кои секогаш ќе се чувствувате смирено и опуштено.
Темно сината нијанса предизвикува чувство на тага, па најдобро е истата да не зазема голема површина на ѕидовите.
Зелена
Од сите бои, зелената најмногу смирува. Оваа боја настанала како комбинација од освежувачката сина и веселата жолта, па како таква одговара во секоја просторија.
Во кујната, зелената делува опуштено, а во дневната соба дава чувство на припадност во заедница.
Се верува дека оваа боја го елиминира стресот, а влијае и врз плодноста, што значи дека е идеална за во спалната соба.
Виолетова
Посебно темните нијанси, како бојата на модар домат, делуваат богато, драматично и софистицирано.
Виолетовата боја се поврзува со луксуз и креативност, а нејзините посветли нијанси како бојата на јоргован или лаванда, се идеални за спалната соба.
Портокалова
Предизвикува возбуда, ентузијазам и ја зајакнува енергијата, но портокаловата никако не ставајте ја во дневната или спалната соба. Таа е идеална за во простор наменет за физичка активност.
Во древните култури се верувало дека портокаловата боја влијае врз лекување на белодробни заболување како и пораст на енергијата.
Која боја преовладува во вашиот дом?