5 Фенг шуи правила за љубовна хармонија во домот
Конечно започнавте да живеете заедно, но како да ги искомбинирате двата стилови на живот? Овој проблем може да биде комплициран и стресен, па дури и да ве доведе до прашањето дали го направивте вистинскиот чекор.
За да го избегнете непотребниот стрес и кавгите околу тоа каде ќе стојат сликите, книгите, телевизорот или перниците, почитувајте ги овие 5 Фенг шуи правила за љубовна хармонија.
1. Променете го душекот, а креветот свртете го кон вратата
Најдобро би било да набавите брачен кревет со дрвен дел над главите, затоа што тој ќе ја внесе стабилноста на природата додека спиете.
Креветот задолжително поставете го на источна страна, за секое утро да се будите со првите сончеви зраци.
Исто така, креветот мора да гледа кон вратата. Таа никогаш не смее да биде странично поставена.
2. Закачете фотографија на ѕидот пред креветот
Ова е важно правило, затоа што таа фотографија е последното нешто што го гледате кога заспивате, а прво нешто кога се будите.
Поставете весела слика од летувањето, слики од родендени, венчавки или слични позитивни моменти.
3. Внесете ги боите на романтиката и љубовта
Нежно розовите тонови, пријатно црвените, или бојата на вино дополнително може да ги „зачини“ вашите активности во спалната соба, па затоа сите сметаат дека заедничкиот простор треба да се темели на овие бои.
4. Спарете ги украсите за да ја зајакнете заедничката енергија
На полиците ставете 2 свеќи, 2 рамки за слики или сувенири во пар ако сакате да ја зајакнете заедничката енергија, советуваат стручните лица.
Сликите на кои сте сами, или фигурите кои делуваат тажно и осамено не би требало да се најдат во вашиот дом.
5. Редовно прочистувајте го воздухот
Собраниот бес, фрустрации и повредените чувства кои се составен дел од секојдневието никако не смее да ги чувате во вашиот дом. Само затоа што не ги изговарате гласно, не значи дека не ги чувствувате.
За да го избегнете таложењето на проблемите, редовно проветрувајте го просторот.