9 едноставни совети за вашиот дом да делува отмено и скапо

Планирате да го преуредите ентериерот модерно и практично, но сакате да изгледа елегантно и барем малку поскапо?

9-ednostavni-nacini-na-koi-vasiot-dom-ke-deluva-otmeno-i-skapo-01.jpg

Со овие 9 одлични совети и скромно одвоен буџет, конечно можете да живеете во отмен дом.

Три е магичен број

Украсете го домот со 3 модерни уметнички слики кои се надополнуваат. Ако ви се прескапи за купување, тогаш испечатете ги и урамете ги сами.

9-ednostavni-nacini-na-koi-vasiot-dom-ke-deluva-otmeno-i-skapo-02.jpg



Голем тепих

Ако живеете во прилично мал простор потребно ви е визуелно да ја проширите просторијата. Неутралната палета на бои, огледалото зад троседот или креветот и огромниот бушав тепих може да ја зголемат секоја соба.

9-ednostavni-nacini-na-koi-vasiot-dom-ke-deluva-otmeno-i-skapo-03.jpg



Помалку е повеќе

Полните полици со сувенири и книги нема да го направат домот уреден и отмен. Не заборавајте дека потребно е да одберете неколку книги со убави корици, во светли бои и шари, па потоа да ги надополните со неколку сувенири.

Добра идеја е, ако имате простор, да направите катче за читање веднаш покрај полиците.

9-ednostavni-nacini-na-koi-vasiot-dom-ke-deluva-otmeno-i-skapo-04.jpg



Одредете ја фокусната точка со само еден детаљ

На секоја соба и е потребна фокусна точка, па ако во вашата дневна соба немате детаљ кој ќе го привлече вниманието, пронајдете го.

Не мора да потрошите голема сума пари на него, сигурно ќе најдете нешто што соодветствува со вашиот вкус и буџет. Доволно е да го поставите на видна позиција, така што ќе го привлекува погледот на гостите.

9-ednostavni-nacini-na-koi-vasiot-dom-ke-deluva-otmeno-i-skapo-05.jpg



Еден ѕид во потемна нијанса

Најевтин начин здодевната соба да ја претворите во отмено катче е да акцентирате еден ѕид во темна боја. Добредојдени се и тапетите.

9-ednostavni-nacini-na-koi-vasiot-dom-ke-deluva-otmeno-i-skapo-06.jpg



Осветлете го просторот

Светлите простори се синоним за елеганција, па ако имате темни завеси или ролетни на прозорците - отстранете ги.

9-ednostavni-nacini-na-koi-vasiot-dom-ke-deluva-otmeno-i-skapo-07.jpg



Контраст

Ако сакате спалната соба да е бела, креветот нека биде во различна боја. Ако пак кујната ви е во светло кафена боја, подновете се со маса или столчиња во потемна нијанса или потполно различна боја.

9-ednostavni-nacini-na-koi-vasiot-dom-ke-deluva-otmeno-i-skapo-08.jpg



Различни стилови

Ако сакате да имате оригинален дом, мебелот купувајте го одделно. Така, во дневната може да имате две бели, но потполно различни фотелји. Едната нека биде модерна, другата старинска. Истиот совет применете го и во спалната соба, во која наткасните може да бидат ретро масички.

9-ednostavni-nacini-na-koi-vasiot-dom-ke-deluva-otmeno-i-skapo-09.jpg



Соба со поглед

Луксузните домови и ентериери се одликуваат со отворен поглед кон градот, па овој луксуз можете да го постигнете со само еден совет.

За да имате добар поглед, прво мора да одберете простор. Големите и високи столчиња и фотелји ќе ви го закосат погледот, така што задолжително бирајте понизок мебел.

9-ednostavni-nacini-na-koi-vasiot-dom-ke-deluva-otmeno-i-skapo-10

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
7 предмети кои ќе му дадат доза на луксуз и на наједноставно уредениот дом Апстрактна слика во 2 или 3 дела за луксузен изглед на домот, необичен раскошен ...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg