7 трикови со кои ќе ја намалите појавата на прашина во вашиот дом
Дали понекогаш ви изгледа дека колку и да чистите, прашината сепак наоѓа начин да се врати во вашиот дом? Ако вашиот одговор е да, тогаш погледнете ги овие 7 едноставни начини на кои ќе ја намалите нејзината појава
Прашината е опасна по здравјето, но и предизвикува појава на алергии, а не секој има време секојдневно темелно да го чисти домот за да се заштити од неа.
Погледнете на кој начин можете да и се спротивставите на прашината и да ја намалите нејзината појава:
1. Редовно менување на постелнина
Посебно перниците и душеците, кои претставуваат вистински рај за прашината и нечистотиите. Доколку сте алергични, тогаш купете навлаки за перници и јорган кои содржат анти алергиски својства, а постелнината менувајте ја еднаш неделно, па прашината ќе биде сведена на минимум.
2. Уредно редете ги работите во гардеробер
Кога облеката е расфрлана низ гардероберот тогаш од неа паѓа и голема количина на разни влакна, волна или конци. Сето тоа во комбинација допринесува да настане прашината. За да ја спречите појавата на прашината, секогаш уредно редете ја облеката и диплете ја според материјалот.
3. Тргнете ги непотребните работи од подот
Не ги игнорирајте играчките, облеката, весниците или било што друго кое моментално се наоѓа на вашиот под. Со тоа што чистете околу работите на подот не сте направиле ништо, бидејќи прашината обично се задржува на нив. Тргнете го она што не ви е потребно и отстранувањето на прашината ќе биде полесно.
4. Исфрлете ги теписите
Иако изгледаат прекрасно и внесуваат топлина во домот, теписите истовремено претставуваат магнет за прашина. Дури и секојдневното чистење со правосмукалка за нив не е доволно, а дрвениот под, ламинатот и паркетот се здрав избор за вас и вашето семејство.
5. Изнесете ја прашината надвор
Доколку сепак не можете да ги исфрлите теписите и се одлучите да ги задржите, тогаш најдобро е да ги чистите надвор од вашиот дом, со цел прашината да не се задржува во домот. Истото правете го со перниците и јорганите.
6. Заборавете на четките
Користењето на разните четки за бришење само ја префрлаат прашината од едно на друго место. Наместо тоа, намокрете памучна крпа со вода и соберете ја прашината, а потоа измијте ја крпата.
7. Чистете од горе надолу
На овој начин сета нечистотија, вклучувајќи ја и прашината паѓаат кон подот. Чистењето на подот оставете го за на крај и домот ќе ви биде беспрекорно чист.