Правила кои мора да ги почитувате ако живеете во мал стан
Ако живеете во мал стан, сигурно барате начини визуелно да го зголемите просторот, но и да го направите функционален, а во тоа ќе ви помогнат овие неколку корисни совети.
Малиот стан може да биде тежок за уредување, бидејќи треба да се внимава кој мебел да се избере, какви бои да се користат и како да се усогласат...
Ако погрешите при декорирањето вашиот простор ќе стане уште потесен, па затоа почитувајте ги овие правила:
Огледала како декоративен елемент
Со помош на огледалата ќе ја осветлите целата просторија со дневна и наметната светлина. Поставете ги во дневната соба, а во однос на мебелот користете повеќенаменски. На тој начин, вашиот простор ќе биде повеќе функционален, но и ќе изгледа поголем.
Една боја за ѕидовите
Станот нека биде во една боја, а препорака е таа боја да биде во благ тон, кој нема да ја направи просторијата уште помала. Изедначениот тон кој ќе го имате во целиот стан ќе придонесе тој да изгледа поголем.
Пренатрупаност
Едно од правилата станот да изгледа поголем е да не биде пренатрупан ниту со мебел, а ниту со ситници. Избегнувајте теписи, а украсните фигури сведете ги на минимум.
Создадете илузија на широк простор
Централниот дел од собата нека биде слободен, а доколку имате посебна спална соба слободно купете што поголем кревет. Тоа доминантно, но главно парче во спалната соба ќе го одвлече вниманието од фактот дека собата ви е мала, бидејќи големиот кревет ја направи да изгледа раскошна.