Лето, коктели, добра книга и удобна лежалка (фото)
Летото е совршено за уживање, дури и ако не сте на некоја плажа покрај море. Доволна ви е удобна лежалка во дворот, сладок коктел и добра книга, за да го ослободите умот од секојдневните обврски да се препуштите на убавината.
Секогаш ви е удобно кога се истегнувате во спалната соба и сигурно посакувате да може истата таа спална да ја преместите покрај некој базен или доволно е само да биде некаде на отворено за да ве дувка ветре, да се сончате или навечер да уживате под ѕвездите.
Уште кога на сето тоа ќе додадете добра книга која ќе ви ги одвлече мислите, вкусно ледено кафе или некој коктел, нема да сакате да ја напуштите.
Не само што може и сами да уживате, туку може да го поканите и партнерот со кој ќе имате романтично дружење на удобна лежалка и под ведро небо, идеално за никој да не ви пречи, а да имате пријатен простор.
Ако имате поширока лежалка тогаш таа е идеална за да соберете и друштво за кое ќе направите коктел забава, па наместо на плажа, тоа ќе ви биде одлична замена за поминување на викендите.
Која и да ја одберете, сигурно е дека нема да сакате да станете од неа: