Големи идеи за мали спални соби
9. Наместо мала масичка која ќе зафаќа простор, масата поставете ја на тој начин што ќе ја закачите за ѕидот. Оваа висечка маса ќе ви биде на достапно место веднаш до креветот и така ќе имате повеќе слободен простор.
10. Направете го креветот во склоп на самиот гардеробер. Така ќе го искористите целиот ѕид во собата, а остатокот од просторијата ви останува целосно слободен.
11. Ако немате простор за гардероберот, ставете закачалка зад креветот и закачувајте ја гардеробата. Во остатокот од просторот поставете полици.
12. Спојте ја работната маса со креветот и полицата, а под неа ќе имате празен простор за фиоки или други работи.
13. Одлично решение за малите станови е креветот кој ќе го поставите под самиот плафон, секако доколку станува збор за стан со висок плафон.
14. Уште една интересна и забавна идеја. Вашиот кревет можете да го ставите над големиот гардеробер, на тој начин го заштедувате целиот простор и вашата спална соба изгледа визуелно поголема.
15. Креветот а расклопување е одличен за малите простории. Можете да го поставите во дневната соба или пак во спалната, а остатокот од домот ви е слободен за сѐ останато.