Како да претворите 16 m2 во функционален дом?
Дека е можно од секој простор да го извлечете најдоброто ни покажува функционалниот микро стан на Стив Соер.
Поранешниот дизајнер на ентериер на авиони бил соочен со проблем кога во стан од само 16 m2 морал да ги вклопи сите неопходни простории за живот.
Но, неговиот стан денес содржи целосна кујна со машина за садови, бања со шолја и туш, два кревета, простор за одмор, простор за кафе, па дури и када во подот.
Најважното нешто во овој стан е добро направениот распоред. Стив создал две нивоа од кои едното има простор за опуштање со кафе и спална соба која има само голем кревет.
Под тоа ниво се наоѓа мал дневен простор со телевизор, а спроти тој простор се наоѓа кујна со мала трпезарија.
Овој микро простор има доволно место дури и за два држачи за велосипеди.
Сепак, најфасцинантна е кружната када која е сместена во внатрешноста на подот и на премин меѓу кујната и бањата.
Мебелот е претежно со потписот на големиот бренд ИКЕА, но голем дел е и рачно изработен.
После овој проект за кој му биле потребни вкупно 2 години за да ги набави важечките дозволи, а дури потоа да го изгради, Соер заклучил дека иднината лежи токму во „high-end mikro“ становите. Неговите следни планови се да дизајнира цела зграда која ќе се состои само од микро станови.
Погледнете како изгледа функционален дом во само 16 m2: