Топли и нежни декорации во бојата на лавандата
Лаванда виолетовата нијанса важи за една од најнежните пастелни нијанси со чија помош можете брзо и ефикасно да го освежите домот. Декорациите во овие тонови му даваат посебен шарм на просторот и го прават далеку поженствен.
Постојат огромен број на идеи како лаванда нијансата можете да ја внесете во вашиот дом. Одговара со сите пастелни бои, сивите нијанси, чоколадно кафената како и со беспрекорната бела.
За да го акцентирате пастелниот ентериер изберете завеси, перничиња и сувенири во лаванда виолетовата, а доколку сте малку похрабри користите ги сите нејзини нијанси за да создадете неодолив простор.
Ако сè уште немате идеја како да ја вметнете оваа боја во вашиот дом, ова се неколку инспиративни фотографии кои може да ви помогнат...