6 трикови за максимално користење на просторот во мала кујна (без да изгледа хаотично)
Купувајте повеќенаменски апарати, искористете го вертикалниот простор и организирајте го фрижидерот со кутии за складирање храна.
Не мора да ви владее хаос во кујната само затоа што е мала.
Со паметно планирање на просторот, но и внимателно избирање на работите што ќе ги купите, можете да си заштедите многу место за складирање.
Пет совети што ќе ви бидат од помош:
Искористете го вертикалниот простор
Прво правило за мали кујни, но и други соби, е да се искористи вертикалниот простор.
Не ги оставајте ѕидовите празни туку ставете полици и шкафчиња кои ќе ви дадат дополнителен простор за складирање.
Купувајте мултифункционални апарати
Кога купувате кујнски апарати, потрудете се да имаат повеќе од една намена.
На пример, наместо да купувате посебен блендер за смути и посебен апарат за сечкање, купете еден блендер што ги има и двете опции.
Средете ги фиоките
Во кујнските фиоки можете да складирате многу работи, но само ако добро ги организирате.
Купете организери за фиоки и одделно наредете ги виљушките, ножевите, лажиците за готвење… Не само што ќе заштедите простор, туку и многу полесно ќе го наоѓате она што ви треба.
Не купувајте непотребни апарати
Пред да купите нов кујнски апарат, добро размислете дали ќе го користите.
Ако, на пример, пиете чај или користите врела вода за пијалаци многу ретко, тогаш воопшто не ви треба бокал и можете да ја загревате водата на шпоретот.
Избегнувајте и уреди за една, специфична намена, како посебен апарат за варење јајца.
Добро организирајте го фрижидерот
Купете кутии за храна и во нив складирајте ги намирниците, наместо така да ги трупате во фрижидерот.
Со ова ќе заштедите многу простор ако немате место за поголем фрижидер.
Ставете мали полици за зачини и слично
Ако немате многу простор на работната маса, тогаш купете мали полици на кои ќе наредете зачини, масло и слични продукти.
На овој начин ќе си ослободите простор, а ваквите продукти сепак ќе ви бидат при рака додека готвите.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





