16 работи кои се нормални во нашите домови, а се чудни за странците
Речиси во секој дом има кристален сет чаши кои никој не ги користи, немаме утилити простории наменети за перење и пеглање облека, дома не се влегува со чевли и на гостите им се даваат носени папучи... Работи кои во Македонија и регионот се нормални, а за странците се чудни и несфатливи.
Интересно е како нашите стари домови, од времето на поранешна Југославија, изгледаат речиси идентично, независно дали се во Македонија или другите балкански и источноевропски земји.
Некои навики никогаш не се искоренуваат па така, додека некои домови се модернизираат, во други засекогаш се чуваат празни ќесиња, кристални садови кои никој не ги користи, а никој не се откажува ниту од старовремските лустери и завеси кои служат за да се криеме од соседите.
Сите овие работи иако за нас се сосема нормални, за странците од останатиот дел на Европа, или од другите континенти, може да бидат прилично несфатливи.
Секако ова не се однесува на сите, но во повеќето домови кај нас и во регионот, често работите стојат вака:
Терасите служат како магацин и простор за оставање секакви работи
Висечките ретро лустери се единствениот прифатлив извор на светлина
Дома не се влегува со чевли и дури и на гостите им се нудат носени папучи
Речиси во ниту еден дом нема „утилити“ простории за перење и пеглање облека, ниту остава за складирање намирници
Завесите најчесто не се за декорација туку за навечер соседството да не нè гледа
Ретко каде има биде, а уште помалку хигиенски туш во тоалетот кој стои веднаш до шолјата
Нема посебни простории со полици и закачалки кои служат како гардеробер, туку облеката и чевлите се чуваат во плакари
Посебна гордост на домаќините се кристалните сетови кои ги има во секој екс-ју дом (иако речиси никој не ги користи)
На домофоните понекогаш е напишан само бројот на станот, без презимето на станарите
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





