Како да ја уредите спалната соба за да се чувствувате покомотно и порелаксирано?
Создајте си рутина за средување на спалната соба пред легнување
Сите други совети ќе немаат смисла ако вашата спална соба сè уште изгледа хаотично.
Без разлика дали станува збор за средување на облеката што сте ја носеле тој ден, средување на книгите или петминутно бришење на просторот, ваквата рутина ќе ви помогне да создадете помирна атмосфера.
Ставете си дополнителни кутии за складирање, корпа за отпадоци, дури и корпа за играчки ако децата имаат навика да играат во спалната соба.
Не користете технологија во спалната соба
Создајте си простор без технологија пред спиење. Наместо да разгледувате на социјалните мрежи, може да читате книга или да слушате музика.
Вештачката сина светлина на екраните го потиснува ослободувањето на мелатонин, па затоа, не користете електронски уреди два часа пред спиење.
Изберете длабоки смирувачки бои
Ако во вашиот стил не се вклопуваат светлите пастелни тонови, тогаш извонредните шеми на темни бои, како што е сива, богато зелена и мастило сина, исто така може да донесат чувство на удобност и релаксација.
Избегнувајте работи кои ќе ви го привлекуваат вниманието
Личните предмети се дел од сечиј простор, но ако сакате да создадете мирна атмосфера во спалната соба, сведете ги визуелните одвлекувања на минимум.
За да го постигнете тоа, едноставно таквите работи поставете ги зад креветот, наместо пред него.
На тој начин ќе уживате во изгледот додека се движите во просторијата, но ќе имате „визуелна тишина“ кога ќе лежите.
Изберете соодветна постелнина
Не можете да се опуштите ако не се чувствувате удобно на вашиот кревет.
Размислете дали ви е потребен јорган или ќебе, дали сакате памучни или ленени чаршафи, обични или дезенирани… Експериментирајте и пронајдете ја вашата совршена комбинација.
М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com