Грешки во уредувањето на ходникот заради кои оставате погрешен впечаток кај гостите
Не обрнувате внимание на влезната врата
Можеби ја гледате само како функционалност, а не дел од ентериерот, но сепак таа е првиот судир на гостите со вашиот дом.
Внимавајте да не е валкана, со дамки, оштетена или да ја има сменето бојата.
Ако станува збор за постара врата, можете да ја обоите, а ако е нова, одржувајте ја добро од нечистотии.
Оставате лажици за чевли и лепливи ролни за облека на видни места
Лажицата која сите ја ставаат во чевлите, не мора да е на видно место каде што секој прво ќе погледне, или до други работи како клучеви и слично.
Исто така, лепливите ролни со кои чистите влакненца од облеката, е малку непријатно да стојат како украс на видно место во ходникот. Најдете им место во шкафче или фиока на ваквите предмети.
Доколку немате, купете некоја кутија која е декоративна, а ќе ви служи за складирање.
Трупате јакни на 2-3 закачалки во линија
Обидете се да ги поставите закачалките на различни нивоа наместо да бидат во иста линија и кога ќе ставите неколку јакни да изгледа пренатрупано.
Не обрнувате внимание на рефлексијата на огледалото
Точно е дека огледалото е корисно и функционално за вас, а има и моќ визуелно да ја зголеми просторијата.
Но, внимавајте како го поставувате, да не биде поставено така што рефлексијата во него цело време ќе биде кон некое неуредно катче во домот, или кон спална соба и слично.
М. М. | Црнобело