На гости кај Ана Најдовска: Стан на Македонка во Осло, уреден во скандинавски стил со хиге елементи (фото)
Спалната соба ја обожавам бидејќи е идеална за оние мрачни, сиви, врнежливи денови во Осло.
Во тие моменти многу ни е важно да имаме наше катче кое дава чувство на топлина, мир и тишина.
За секое годишно време имам комплет сет прекривки за кревет со големи перници во различни бои, па така сега полека ја спремам пролетната атмосфера во спалната и дневната просторија со додавање на розови, крем и песок боја декоративни парчиња.
Уживам да го местам креветот, од најголема до најмала декоративна перница и тоа ми дава едно чувство на завршена цел, барем една во денот, кога знам дека креветот уште рано наутро ми е скоцкан, што би рекол сопругот „на хотелски начин“.
Спалната е поврзана со гардеробер соба, која е малечка, но сосема практично осмислена.
Да се има голем балкон во Норвешка е сон, иако во поголемиот дел од годината времето не е за уживање на балкон, сепак во Норвешка нема да видите балкон без сет гарнитура за седење.
Така и нашиот, уште во зима е спремен за уживање. Со преудобни столчиња, перничиња и секако декорации како фенерчиња, свеќи, цвеќе.
Кога ќе го погледнам балконот веднаш си замислувам летно попладне со чаша вино. Или уживање со кафе во недела наутро.“