На гости кај Јулинда и Рилинд: Стилски стан во Скопје со кујна со отворени полици (фото)

Нашата кујна е спој на природните суптилни бои и топли тонови, во комбинација со црниот метал, како посебен акцент на целиот дизајн.

Островот е централниот момент на нашата кујна и иако просторот не ни дозволуваше за поголеми димензии на овој елемент, сепак си направивме доволно простор за нашето утринско кафе да го испиеме во овој дел од станот, и потоа секој да си продолжи со своите дневни обврски.  

na-gosti-kaj-julinda-i-rilind-stilski-stan-vo-skopje-so-kujna-so-otvoreni-polici-foto-18.jpg

Како голем љубител на кафе во нашата кујна мораше да постои отворен „Coffee Corner“ со различни видови на кафе, и секако разни сетови на шолји.

na-gosti-kaj-julinda-i-rilind-stilski-stan-vo-skopje-so-kujna-so-otvoreni-polici-foto-08.jpg

na-gosti-kaj-julinda-i-rilind-stilski-stan-vo-skopje-so-kujna-so-otvoreni-polici-foto-14.jpg

Во овој празничен период китењето на елката е ритуал кој за мене е многу драг и битен, а оваа година ни донесе многу емоции и смеа зошто имавме помош од нашиот син Крон, кој со многу возбуда и радост ги местеше сите украси на нашата елка.

Елката ја сместивме во аголот од дневната соба.

na-gosti-kaj-julinda-i-rilind-stilski-stan-vo-skopje-so-kujna-so-otvoreni-polici-foto-05.jpg

Детската соба според мене претставува преплет на убав хаос, најубави моменти и искрени емоции.

Елементите се наместени врз една чиста бела основа. Мебелот е во бела боја, а ентериерот е исполнет со разни играчки и едукативни елементи кои се лесно достапни за деца.

Многу време си поминуваме во оваа соба каде што имаме можност и задоволство да ги видиме нашите деца како растат и заедно со нив креираме убави семејни спомени.

na-gosti-kaj-julinda-i-rilind-stilski-stan-vo-skopje-so-kujna-so-otvoreni-polici-foto-17.jpg

Спалната соба мораше да биде спој на максимална функционалност и удобност.

na-gosti-kaj-julinda-i-rilind-stilski-stan-vo-skopje-so-kujna-so-otvoreni-polici-foto-07.jpg

Од големиот плакар за задоволување на нашите потреби за складирање, до голем удобен кревет за спиење и тоалет кој е дел од спалната соба.

na-gosti-kaj-julinda-i-rilind-stilski-stan-vo-skopje-so-kujna-so-otvoreni-polici-foto-15.jpg

Користени се светлите тонови на бои кои се во корелација со другиот дел на станот, во комбинација со дрвото, исто така материјал кој се повторува низ сите простории и асоцира на топлина.“

na-gosti-kaj-julinda-i-rilind-stilski-stan-vo-skopje-so-kujna-so-otvoreni-polici-foto-09.jpg

na-gosti-kaj-julinda-i-rilind-stilski-stan-vo-skopje-so-kujna-so-otvoreni-polici-foto-11.jpg

na-gosti-kaj-julinda-i-rilind-stilski-stan-vo-skopje-so-kujna-so-otvoreni-polici-foto-13.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...
На гости кај пејачката Елена Петреска: Совршено уредена куќа од 200m2 во Белгија, со земјени тонови ... „Куќата се наоѓа во градот Монс во кој градбите се автентични, даваат чувство ка...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg