На гости кај Зоки Фаци: Стан во Ново Лисиче од 120m2 и викендичка во Катланово во кои доминира зелената боја (фото)

„Во домот имам колекција од 80 коњи и уште една од индијански предмети. Во ентериерот доминира зелената боја, но имам и виолетови и портокалови ѕидови, не го сакам сивилото на градот и станот си го направив релаксирачка оаза, но сепак најомилен ми е цветниот двор во викендицата во Катланово“, споделува Зоран Василевски познат како Зоки Фаци за CRNOBELO.com.

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-01.jpg

Зоран Василевски познат како Зоки Фаци, студирал Ветеринарен факултет, но љубовта кон телевизијата го внела во новинарските води и тоа цели 15 години, но денес тоа го прави само од љубов и како хоби, а занимање му е маркетинг менаџер во локалот „Mi Casa“ кај скопската тврдина Кале.

Тој живее во стан од 120m2 во населбата Ново Лисиче во зимскиот период, а во периодот од месец мај до месец октомври живее во викендичката во Катланово, која всушност е куќа на неговиот татко со 800 метри квадратни двор.

За уредувањето на неговите два дома, Зоки Фаци открива за CRNOBELO.com:

„Во двата дома ми преовладува зелената боја, во комбинација со други силни бои.

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-03.jpg

Не го сакам сивилото на Скопје и затоа мојот стан си го направив една пријатна оаза, каде има живост, убава енергија и дури и моите пријатели велат дека им е многу релаксирачки кога престојуваат кај мене.

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-04.jpg

Имам зелени, виолетови и портокалови ѕидови и многу зеленило, како во домот, така и на терасата.

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-05.jpg

За моите растенија се грижам како за деца и мислам дека тоа се чувствува – одлично напредуваат.

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-07.jpg

Најомилена работа од целиот стан ми е колекцијата со коњи, имам дури 80, а огромна бројка чувам и во викендичката.

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-20.jpg

Купувам коњи од секое патување, а и моите блиски личности знаат дека колекционерството на коњи ми е страст, па ми носат од разни земји низ светот.

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-18.jpg

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-21.jpg

Во спалната соба пак имам пердуви, „дрим кечери“ и уште низа индијански работи, кои ми даваат чувство на релаксација. Тие ми се наредени во пределот над креветот за опуштање и пријатен сон.

Креветот ми е од ковано железо и морам да кажам дека обожавам ковано железо.

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-11.jpg

Од што сум вљубеник во индијанската култура, дури онлајн го учам и јазикот.

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-14.jpg

Зелената боја ми е застапена и во кујната.

na-gosti-kaj-zoki-faci-stan-vo-novo-lisiche-od-120m2-i-vikendichka-vo-katlanovo-vo-koi-dominira-zelenata-boja-foto-13.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
Винтиџ кафуле во Скопје, со грамофон и телефонска говорница, ја враќа магијата на минатото (фото) Место за сите романтичари кои чувствуваат носталгија за минатото, место каде има...
10 мали локали во Скопје со душа – идеални за утринско кафе или појадок Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно к...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
Во домот на Марија и Никола во Скопје: Стан во скандинавски стил со рачно изработени елементи и мура... „Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg