На гости кај Ариана: Девојка од Куманово живее во совршено уреден стан во Виена (фото)
- Детали
- сабота, 16 април 2022
„Предметот ликовна уметност ми беше омилен во училиште и дури сега сфаќам дека целиот мој живот дека ми се допаѓало сè што е поврзано со уметност и креативност и дека тоа е еден од моите таленти. Во скандинавскиот стил во мојот дом дополнив топли ќебенца и перничиња за да се создаде пријатна атмосфера“, открива за CRNOBELO.com Ариана Мемети (30), која е родена во Куманово, а живее во Австрија.
Ариана Мемети (30) е родена во Куманово, а по 26 години живот таму одлучила да се пресели во Австрија.
Работи како мејкап артист, а хоби ѝ е уредувањето на ентериерот. Но, вели дека толку многу ужива во тоа што размислува да ѝ биде професија во иднина. Таа на Инстаграм постојано споделува фотографии од својот дом.
За уредувањето на нејзиниот стан во Австрија Ариана открива за CRNOBELO.com:
„Предметот ликовна уметност ми беше омилен во училиште и дури сега сфаќам дека целиот мој живот дека ми се допаѓало сè што е поврзано со уметност и креативност и дека тоа е еден од моите таленти.
Кога се преселив во Австрија, почнав уште повеќе да ја развивам мојата креативна страна.
Омилени бои во уредувањето на ентериерот ми се неутралните бои.
Но, секогаш задолжително со контраст.
Често тоа го постигнувам со црната боја и други бои како розовата на пример.
Уредувањето во мојот дом е во модерен стил со внимателно одбрани детали.