На гости кај Ивана: Семејна куќа во Струмица со дела од македонски уметници и совршена спална соба (фото)
Во дневниот престој доминира белата боја со примеси на сива и антарцитна боја.
За да ја освежам монотонијата на неутралните бои, додадов тиркизна нијанса што му дава свежина на целиот простор.
Дименото огледало е креирано со шестаголници во различни димензии кои формираат форма на пчелно саќе. Бојата на дименото огледало наликува на бојата на медот, и со тоа целиот дизајн ја добива крајната осмислена цел.
Убаво велат дека „Кујната е срцето на домот“, па така таа заслужува секогаш да биде уредна, беспрекорно функционална и перфектно организирана, заедно со тоа и добро дизајнирана.
Кујната е во склоп со дневниот престој и трпезаријата, па затоа боите се усогласени, бела, антарцитна и ѕидна облога плексиглас со фолија од шара на црн мермер.
Сакам необични парчиња на мебел, омилено парче во домот ми е клуб масата во дневната соба, елипсовидна форма со необична централна ногара, која е мој дизајн.
Често патувам, и обично од каде и да одам, купувам сувенир кој е автентичен за местото што сум го посетила, па си дизајнирав специјално за тоа дел во трпезаријата каде што ќе ги ставам сите сувенири на едно место.