На гости кај Кристина и Дарко: Двокатна куќа во Скопје од 160m2 со доминација на темни тонови (фото)
Секоја соба си има и свој балкон, а исто така имаме и голем двор кој летно време ни е омилен дел од куќата и поголемиот дел од денот го поминуваме таму.
Во внатрешноста омилен дел ни се дневната, кујната и трпезаријата, бидејќи уживам во готвењето, како и експериментирањето со нова храна и рецепти.
Инспирацијата за уредувањето е мешавина од идеи на интернет, како и наши сопствени идеи и замисли.
Декорациите низ нашиот дом се најчесто се поврзани со некое наше искуство или спомен од некое патување. Украсите често знам да ги надополнам во зависност од годишното време и празниците - Нова година, Велигден, пролет, есен, така што во нашиот дом никогаш не е здодевно.
Домот е местото каде што се чувствуваме пријатно, каде што имаме чувство на сигурност и љубов, а тоа чувство можеш да го споделиш со своите најблиски.“