На гости кај Тамара: Совршено уреден стан од 96m2 со голема кујна и розови тонови (фото)
- Детали
- сабота, 11 декември 2021
„Нешто во што бевме убедени е дека сакаме модерно класичен стил, спој на различни материјали, надополнети со мермер и рустични детали со нежно розови тонови во дневниот простор“, вели Тамара Петровска (28) за уредувањето на нејзиниот дом.
Тамара Петровска (28), по професија е магистер по право, моментално работи по струка, но се занимава и со професионална шминка, нешто што започнало како хоби, а прераснало во огромна љубов. Таа живее со нејзиниот сопруг во стан од 96 m2 во населба Влае.
За уредувањето на станот Тамара открива за CRNOBELO.com:
„Целосниот ентериер на станот беше наша желба и замисла и точно знаевме секое ќоше како сакаме да изгледа, но секако побаравме и стручна помош од архитект за да можеме да бидеме сигурни во нашите идеи.
Нешто во што бевме убедени е дека сакаме модерно класичен стил, спој на различни материјали, надополнети со мермер и рустични детали со нежно розови тонови во дневниот простор.
Уметничките слики пак се така поставени да даваат чувство на кохезија.
Уште на почетокот го променивме распоредот на станот, особено на дневниот простор, за истиот да го направме пофункционален и да ги задоволи нашите замисли.
Со оглед на тоа што во станот сме само неполни три месеци, ни недостасуваат уште многу детали, но навистина уживаме во бирањето на секој од нив.