На гости кај Марија: Светол стан од 100м2 во Скопје со асиметрија, многу книги и растенија (фото)

Огромна гарнитура на којашто кој и да седне може и да заспие, мојата омилена, рачно изработена фотелја од 40-тите години на минатиот век, којашто била свадбен подарок на моите баба и дедо. Сега, репарирана и претапацирана, таа претставува уште едно музејско парче што го краси нашиот дом.

na-gosti-kaj-marija-svetol-stan-od-100m2-vo-skopje-so-asimetrija-mnogu-knigi-i-rastenija-foto-11.jpg

Многу им се радувам и на „португалските“ плочки во ходникот, мислам дека даваат една посебна доза на разиграност на просторот.

na-gosti-kaj-marija-svetol-stan-od-100m2-vo-skopje-so-asimetrija-mnogu-knigi-i-rastenija-foto-17.jpg

Немам многу украси, но тие што ги имам сакам да се во интересни форми, текстури и материјали, или донесени од странство. Едноставно, не сум тип што сака „обични“ работи (дури и чашите ни се коси).

na-gosti-kaj-marija-svetol-stan-od-100m2-vo-skopje-so-asimetrija-mnogu-knigi-i-rastenija-foto-15.jpg

Arco подната лампа на Achille и Pier Giacomo Castiglioni е уште едно парче што го посакував од дете. Секако, оваа е исто така копија, но во моментот кога влегов во големата празна дневна, знаев дека ќе ја набавам и дека супер ќе се вклопи.

na-gosti-kaj-marija-svetol-stan-od-100m2-vo-skopje-so-asimetrija-mnogu-knigi-i-rastenija-foto-06.jpg

Единствено парче мебел што отсекогаш сум го сакала, а сè уште недостасува е Egg Chair на Arne Jacobsen (AJ ѕидната лампа ми е порачана за во работната соба), но, си велам кога ќе се преселиме во поголем простор, оваа фотелја дефинитивно ќе биде прва на списокот.

na-gosti-kaj-marija-svetol-stan-od-100m2-vo-skopje-so-asimetrija-mnogu-knigi-i-rastenija-foto-16.jpg

Бидејќи работам од дома, најголем дел од времето ми е на релација работна-кујна, но и двете простории ќе се реновирааат, па додека да дојде новата кујна, веројатно работната ќе ми биде фаворит меѓу двете.

na-gosti-kaj-marija-svetol-stan-od-100m2-vo-skopje-so-asimetrija-mnogu-knigi-i-rastenija-foto-19.jpg

Работната маса ја правевме сами (со соседска помош) бидејќи ниедно студио не сакаше да се нафати да ни ја изработи во димензиите што ги баравме.

na-gosti-kaj-marija-svetol-stan-od-100m2-vo-skopje-so-asimetrija-mnogu-knigi-i-rastenija-foto-12.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
На гости кај Мартина: Семејна куќа со кујна со стаклен фрижидер и ѕид со мурал во дворот (фото) „Како заштитен знак во семејната куќа ни е ѕидот што ја краси дневната соба. Нај...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
На гости кај Александра: Стан во Скопје со тераса украсена како од божиќна бајка (фото) „Не само во домот, туку и во училиштето во кое работам, несебично декорирам за д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg