На гости кај Билјана: Современо уредена семејна куќа во Влае - со декоративни тули и земјени тонови (фото)
Со оглед дека мојата професија е прилично креативна и во неа деталите се најбитниот елемент, Милан препушти сè на мене во овој дел.
Омилен дел од нашиот дом ми е собата на Лука, нашиот син. Да се пронајде вистинска мера помеѓу функционалноста и стилот што навистина го сакате, а притоа собата е мала, е навистина тешко.
Затоа при уредување на оваа соба приоритет ни беше функционалноста бидејќи се работи за мала соба, која пред доаѓањето на нашиот син беше гардеробер.
Во делот на мебелот одбравме бел мебел кој е ненаметлив и неутрален и приспособен на деталите во собата.
Бидејќи деталите и бојата на ѕидовите се клучни а и тие може да се менуваат постојано решивме да бидат во зеленикаво-сиви нијанси.
Тие што ме познаваат знаат колку ги сакам цвеќињата и дворот.