На гости кај Христијан: Дворче со летниковец, скара и базен во Куманово за совршени мигови (фото)
Големо задоволство за мене и мојата фамилија претставува тоа што скоро сè имаме изработено сами. Кога го правиш сам, повеќе му се радуваш. Се работи за надворешен простор кој бара големо внимание, урадување, и пред сè љубов да го правиш тоа.
Најомилен дел од денот ми е вечерта.. Толку е мирно, романтично, со свеќи, сијалички, телевизија и омилената храна.
Дворчето го збогативме и со монтажен базен, кој навистина супер се вклопи.
Задоволството е на моја страна, на страна на мојата фамилија, особено кога сами од ништо направивме место за цела сезона.
Па така, времето поминато тука го прави ова катче мое среќно место, место на мирот, место на уживањето.“