На гости кај Грета: Семејна куќа во Крива Паланка со две внимателно уредени детски соби (фото)
И нивното уредување е во склад со внатрешниот ентериер, комбинација на топли крем нијанси и дрво. И, секако, многу цвеќе и зеленило, за вистинско уживање.
Она што сè уште ни недостасува и е следно за реализирање е мини библиотека со некоја удобна фотелја, а исто така и еден мал вински дел во трпезаријата, бидејќи сме љубители на добро вино.
Кујната, како и останатите елементи, е бела во комбинација со темен даб. Најпрактичен дел ни е шанкот со двете барски столчиња, кои даваат еден прекрасен визуелен премин од кујната кон дневниот простор.
За бањата важно ни беше да има голема туш-кабина и имавме желба за комода со два мијалника, бидејќи се работеше за поголем простор. Тука најбитен ни беше изборот на плочките, кои имитираат кожен ефект и ѝ даваат на бањата многу интересен изглед.
Во спалната се одлучивме за малку поинаква игра на бои. Црно-белиот кожен кревет и останатите елементи ги освеживме со зелени тапети кои според Фенг Шуи се идеални за одмор и релаксација, и навистина е така. Даваат посебна свежина на црно-белата комбинација.