Во домот на Даниела во Германија: Одлично уредена занимална за нејзините 3 дечиња (фото)

Имаме и справа за качување препорачана за психомоторичкиот развиток кај децата.

На нас возрасните можеби ни делува многу едноставно кога набљудуваме како детето се качува и симнува од истата, но да не занемариме неколку факти.

Покрај крупната моторика, тука активно се стимулира и фината моторика, детето мора со прстињата да работи и да се придржува. Секоја одлука, кога да се искористи левата а кога десната рака а кога левата и десната нога, колку и да делува како наједноставното нешто и како рутина, кај секое мало дете захтева максимална концентрација и е одлично за стимулирање на когнитивното размислување.

При активното качување детето подобрува не само баланс, рамнотежа туку се поттикнува размислувањето и се врши проценка на опасност и висина, спонтано донесува одлуки за координација на око-раце-нозе.

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-17.jpg


Преку физичката активност и усовршување на моториката се работи и на когнитивниот дел. Ние ја имаме нашата справа две години.

Од мене апсолутна препорака кај дечиња со дефицити во било која област од развитокот, дечиња со вишок енергија и потреба од активност или едноставно дечиња на кои би им претставувало забава користењето на истата. Набавена беше поради слабата мускулатура кај најголемата ќерка.

Тоа беше изненадување за нас бидејќи ние мислевме дека е прилично пргава и фит. Оваа, заедно со уште неколку, и помогнаа целосно да зацврсти и да биде вистински фит (не само во моите очи, како мајка).

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-06.jpg

Најмалата ќерка започна да ја користи истата порано од поголемите сестри бидејќи истата беше купена кога беше бебе, па неизбежно беше да забележам дека многу побргу се снајде со истата и на 2-годишна возраст ги покажа веќе истите резултати кои сестрите ги имаа 1-1.5 година покасно.

Важен елемент од детскиот развиток е точното проценување на опасноста, па девојките соодветно на возраста сами одредуваа до која висина е доста и кога е вистинскиот момент да се спуштат надоле.

Да не заборавиме дека е неопходен безбедносен душек и првите вежби да бидеме до детето и да го набљудуваме од блиску додека се качува и симнува од справата.

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-22.jpg

Важноста на камењата и чекорењето по нив за детскиот развиток е неверојатно важна. Бидејќи не сме секогаш во можност да ги правиме овие вежби во природа, набавивме „камења“ за домашна употреба.

Често се користат и во физиотерапијата и како дел од вежбите за развој кај малите дечиња, за подобрување на балансот и рамнотежата, грубата моторика и стимулирање на когнитивното размислување. Детето проценува оддалеченост, висина, одржува баланс и чекори и скока и со тоа го задржува фокусот и вниманието.

Од мене апсолутна препорака за ваков вид на вежби. За да ја надополниме играта, направивме наша верзија на водени лудории (на суво), па откако успешно беше чекорењето на камењата како втора задача беше да се надоврзе минењето низ тунелот од и за крај да се качи на дрвената справа. Од мене апсолутна препорака за ваков вид на вежби, сеедно дали детенцето треба да стимулира малку повеќе определена област од неговиот развиток и е потребно да надополни некои дефицити или не.

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-10.jpg

Сензорните активности ги поттикнуваат децата да учат и да се развиваат додека играат и се забавуваат. Тие истражуваат и ги развиваат своите идеи и се стимулира когнитивното размислување преку креативноста и имагинацијата. Ваков вид на посебно интерактивно искуство може да понудат и сензорните плочи.

Би ги споменала и штицата за балансирање која не само што е одлична инвестиција туку е многу добра за детскиот развој. Ги подобрува рамнотежата и координацијата, го подобрува држењето на телото и ја зајакнува мускулатурата.

Камењата за качување кои беа дел од еден наш мал „направи сам“ проект. Ги набавивме истите на парче, што беше прилично евтина и исплатлива инвестиција, и потоа ги заштрафивме на една голема плоча (истото може да биде направено и дирекнто на ѕидот).

Се надевам дека нашите препораки и позитивно искуство со истите ќе ви помогнат при донесување на одлуката за набавување и користење на некои од нив.“

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-55.jpg

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-23.jpg

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-03.jpg

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-29.jpg

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-28.jpg

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-25.jpg

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-24.jpg

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-11.jpg

vo-domot-na-daniela-vo-germanija-odlichno-uredena-zanimalna-za-nejzinite-3-dechinja-foto-07_copy.jpg

Прочитајте го и интервјуто со Даниела за животот во Германија: Интервју со Даниела (36): Животот со три дечиња во село во Германија - откако сме постојано надвор, децата никогаш не биле поздрави

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Ивана Нуне: Куќа во Скопје со доминација на црно и двор од 100m2 „Досега живеевме во стан, но желбата куќа со двор и место за релаксација, каде ш...
Во домот на Вероника: Стан од 71m2 во Карпош, со златни детали, 3 библиотеки и многу уметнички дела „Низ целиот простор осветлувањето е во златна боја, а најголемо внимание привлек...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Празнична магија во домот на семејството Митаноски во Дојран - Новогодишно украсена куќа која буди ч... „Домот за претстојните празници го украсувавме два дена. Во дворот доминираат ша...
Во домот на Невена и Тодор: Стан во „Ѓорче Петров“ со златни детали, уреден со идеи од Pinterest „Идејата за уредувањето на нашиот стан е заедничка, моја и на сопругот. Сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg