На гости кај Александра: Одлично уредена семејна куќа во Охрид (фото)
Дефинитивно омилено место, кое од почетокот на реновирањето сакав да го добијам е остров во кујната. Отворениот концепт ни го овозможи тоа. Бидејќи е простран ни овозможува сите семејни активности, од јадење, дружење, забава, да ги извршуваме тука.
Што се однесува до спалната соба и во неа преовладуваат бела и сива, ѕидовите се во нијанси на светла лаванда која дава чувство на мир, спокојство и релаксација.
Во спалната соба е и моето второ омилено место за Self Care, кое си го посветив лично за себе…
Идни проекти кои сакаме да ги реализираме оваа пролет и лето се домашна канцеларија, бидејќи работам од дома, и детска соба за нашиот син.
Имам константна потреба од промени, затоа често знам да менувам детали како: перници, украси, вазни.