На гости кај Теодора: Новогодишно украсен стан во Скопје со доминација на црвената боја (фото)
- Детали
- сабота, 26 декември 2020
Теодора живее во населбата Кисела Вода заедно со нејзиниот сопруг, во стан од 74 квадратни метри, во кој периодов владее вистинска празнична магија.
Теодора има 25 години, живее во Скопје и по професија е UI/UX Дизајнер.
Вели дека имала желба да се насочи професионално кон внатрешното уредување на простор, но на крајот се одлучила за друга професија.
Живее во наслебата Кисела Вода заедно со нејзиниот сопруг, во стан од 74 квадратни метри.
Нејзиниот дом периодов е новогодишно украсен и во него доминира црвената боја.
За инспирацијата за китењето Теодора за CRNOBELO вели:
„Љубовта кон внатрешното уредување е мое големо хоби кое верувам дека ќе го правам засекогаш.
Идеите за уредување секогаш ги црпам од Instagram и Pinterest.
Сакам промени низ домот, па макар тоа да е само промена на навлака на перница или пак ново свежо цвеќе.
Сите што ме познаваат знаат дека со нетрпение чекам промена на сезона за да имам мотив за нова декорација.
Новогодишните празници се период од годината кој дава вистинска можност да се искажат креативноста и фантазијата.