„Кај Барби дома“: Пар го направил својот дом розов рај (фото)
- Детали
- среда, 23 декември 2020
Од розови каучи до розови завеси и чаши, во овој стан во Велика Британија доминира розовата боја во секое ќоше.
Риа Луис Булен е девојка која отсекогаш била вљубена во розовата боја, па така кога го купила првиот дом со својот 22-годишен партнер Калум Олдфилд таа точно знаела што сака во поглед на уредувањето на ентериерот и изненадувачки нејзиниот партнер прифатил.
Секое ќоше од нивниот стан во Англија е обоено во розово.
„Мислам дека розовата боја е смирувачка и изгледа неверојатно“, вели Риа која додава дека нејзиниот партнер не е голем фан на розовата боја, но ѝ дозволил на неа да уредува како сака.
Погледнете како изгледа нивниот розов дом: