„Да не ни се повтори 2020“: Новогодишно украсен дом на Македонка во САД (фото)
- Детали
- петок, 27 ноември 2020
Среде ова сивило од негативни вести и корона лудило, носењето на новогодишниот дух во домовите порано е одлична идеја.
2020-та дефинтивно нема да ја паметиме по добро. Мина во духот на пандемијата, чиј крај не се гледа, па затоа среде ова сивило одличен потег е носењето на празничниот дух во домовите порано.
Андријана Стојаноска, Македонка што живее во САД, го направи токму ова. Таа го украси својот дом со Дедо Мразовци, сијалички, лампиони, украси од памук и што уште не.
Во Фејсбук групата Дворчето објави фотки од новогодишно украсениот дом и порача:
„Спремни за новата година. Се надевам дека ќе ни биде многу поубава од оваа што помина и се надевам да не се повтори ваква година, како 2020-та, никогаш.“
Фотки од домот на Андријана:
С. С. | Црнобело