Во домот на Анџела Џепароска: Современ стан во Скопје со детали од мермер и доминација на зелената боја (фото)
- Детали
- сабота, 05 декември 2020
„Станот изобилува со топли бои, современ дизајн, природни материјали, мермер, гранит, дрво. Зелената боја преовладува во бањата, но се појавува и на ѕидовите во другите соби. Ја избравме токму таа боја бидејќи смирува и опушта“, вели 29-годишната Анџела.
Анџела Џепароска (29) работи како менаџер за јавни набавки и маркетинг, а со својот сопруг и синчето живее во стан во центарот на Скопје, во близина на Собранието.
Станот од 70 метри квадратни е одлично уреден и секое парче мебел и секој детаљ се избрани внимателно.
За уредувањето на нејзиниот дом таа за CRNOBELO открива:
„Јас и мојот сопруг сакаме убаво уредени простори направени со многу љубов.
Овој стан не е прв стан кој сме го уредувале, но секој пат уредувањето на нов дом ни причинува огромно задоволство.
Мојот сопруг е архитект кој има свое архитектонско биро и има многу искуство во уредувањето, па затоа имам целосна доверба во неговиот избор. Крупните работи како избор на материјали, техники на ѕид, под и слично ги оставив во негови раце.
Но, потоа изборот на додатоци како перничиња, ќебиња, цвеќиња, вазни , слики остана на мене.
Домот сметаме дека треба да нѐ претставува нас. Идеи црпиме и од нашите патувања, а често знаеме донесеме по некое уникатно парче за дома од некоја далечна дестинација.
Станот изобилува со топли бои, современ дизајн, природни материјали, мермер, гранит, дрво.
Зелената боја преовладува во бањата, но се појавува и на ѕидовите во другите соби. Ја избравме токму таа боја бидејќи смирува и опушта.
Многу ни беше важен и изборот на светла. Сакавме да бидат уникатни и модерни.
Детската соба на Матео која ми е и најомилен дел од станот беше моја замисла. Во собата преовладуваат зелените и бели тонови. А ѕидовите се украсени со штосни детски слики.