На гости кај Христијан Маџовски: Одлично уредена тераса во семејна куќа во Куманово (фото)
- Детали
- сабота, 05 септември 2020
Со малку пари и труд, Христијан малата тераса во семејниот дом во Куманово ја претворил во свое омилено катче. Сè направил сам.
Христијан Маџовски, од Куманово, има 25 години и вработен е во Комерцијална банка АД СКОПЈЕ. По професија е дипломиран економист, а воедно и го работи истото на работно место соработник за платен промет во филијала Куманово Комерцијална Банка.
Покрај професијата, како главно хоби го издвојува готвењето, како и правењето коктели и пијалаци.
Има мала, но интересно средена тераса во неговиот семеен дом во Куманово.
За уредувањето на терасата за CRNOBELO.com тој открива:
„Со многу малку труд и парични средства постигнав голем ефект и задоволството е преголемо. Иако, живеам на само 1 километар од центарот на Куманово, живеам во една прекрасна зелена населба, со цвеќиња, дрвја, птици и чувството е како да не си во Куманово, туку некаде на страна.
Можеби сакајќи или не, убаво или лошо, пандемијата со корона вирусот ми даде голема инспирација за уредување на мојата мала тераса. Имено, карантинот и седењето дома, ми ги поттикнаа креативните мисли и идеи.
Така, за неполна седмица, сам, со алатот и палетите успеав да направам софа и мала масичка за седење. Љубовта кон уредувањето и изработувањето на украси од дрво, ми го направија оваа мало парче место за уживање.
Оваа моја мала оаза, освен што ја красат мебелот од палети, е исполнета со кактуси, кои ги обожавам, со најразлични цвеќиња кои ги менувам доста често, но и си голем број на свеќи и сијалички кои ноќите ги прават романтични.
На тераса со мала квадратура, не може да немаш омилен дел … Тука го пијам првото утринско кафе, тука одморам од работа и читам книга.