Стилска тераса во бохо стил: На гости кај Катерина од Скопје (фото)
- Детали
- сабота, 20 јуни 2020
Терасата е во комбинација на бохо и скандинавски стил, со многу растенија и сијалички за уживање во ноќните часови.
Катерина Павловска, 29 години, родена e во Хамбург Германија, а сега живее Скопје.
Се занимава со маркетинг и финансии, но љубов ѝ е уредувањето на ентериерот.
Омилено катче во домот ѝ е терасата, а за инспирацијата за уредувањето таа за CRNOBELO.com вели:
„Отекогаш сум обожавала да декорирам, прередувам и да ги следам сите трендови, тоа навистина ме исполнува. Ова хоби го имам дефинитивно наследено од мајка ми, која секогаш ме инспирира со нејзината умешност за декорирање.
Воедно, често патувам во Германија и од секогаш сум била фасцинирана од начинот и стилот на декорирање таму. Следам повеќе германски страни за ентериер на Инстаграм и од нив добивам исто така инспирација.
Терасата е во комбинација на бохо и скандинавски стил, со селекција на разни растенија и цвеќиња кои даваат и малку медитерански шмек.
Обожавам соларни сијалички и свеќи, тие ми го даваат она „cozy“ чувство и ме релаксираат секоја вечер.
Омилено катче ми е веднаш до лимонот, каде го уживам неговиот мирис и глетката на целата тераса. Мислам дека тоа е и омилено катче на моето Маче Мици.“