„Прошетка“ низ домот на Емили Ратајковски – не е тешко да си во ваков карантин (фото)
- Детали
- понеделник, 27 април 2020
Ако ја следите Емили на Instagram, можеби досега сте забележале дека нејзиниот дом има навистина шарен ентериер.
Познатиот модел живее во Лос Анџелес со сопругот Себастијан Беар Меклард, во куќа од 1,5 милион фунти, во која се преселија во 2018-та година.
Можеби највпечатливиот дел од домот на Емили е дневната, во која има тиркизен кауч, шарен тепих и интересно уметничко дело.
Всушност, домот на Емили го красат неколку големи слики, вклучувајќи и една од нејзините родители.
Објавите на моделот ни овозможуваат да ѕирнеме и во нејзината трпезарија, која е поврзана со кујната. Овде Емили има закачено и „screenshot“ од нејзина Instagram објава. Би се закачиле ли вие вака сами себе?
Фановите имаа можност да го видат и тоалетот на Емили, благодарение на видеото во кое таа сама си наздравува со пијалак.
Домот на Емили има три спални и три бањи, а нејзе омилена ѝ била спалната со многу прозорци и црвен тепих со интересен дезен.
https://www.instagram.com/p/BtOw9T1H0pH/?utm_source=ig_embed
Веројатно воопшто не е тешко да се изолирате во дом кој наликува на уметничка галерија.
Спирова С. | Црнобело