Во домот на писателката Ксенија Николова: „Свеќите и венчињата за коса се моја слабост“
- Детали
- четврток, 23 април 2020
Од гардероберот во нејзината соба до катчето за вежбање, во кој дел од домот најмногу ужива Ксенија Николова?
Ксенија Николова, писател и текстописец, обожава слободните мигови да ги минува дома. Оваа вљубеничка во уметноста сака винтиџ детали, мирисливи свеќи и уникатни уметнички дела.
Го обожава својот простран гардеробер, а во последно време омилено ѝ е катчето за вежбање.
„Јас сум човек којшто ужива да го поминува времето дома, уживам во својот простор и во енергијата во него.
Обожувам свеќи, тие ме смируваат и ми даваат спокој. Сакам работи коишто ми значат и ме потсетуваат на убави нешта, така што во секој агол имам по нешто коешто ми носи спомени.
Обожувам и венчиња за коса, па имам посебен агол за нив.
Вежбам речиси секој ден и мојот дома е мое катче во кое ја исфрлам негативната енергија и се полнам со позитивна. Можеби тоа е моето омилено катче во последно време.
Пишувам на мојот кревет, потонувам во еден прекрасен свет и се препуштам на инспирацијата.
Во мојата соба преовладуваат виолетовата и розовата боја, затоа што животот го гледам низ таа призма“, вели Ксенија Николова за CRNOBELO.com.
На „гости“ кај Ксенија Николова:
С. С. | Црнобело