Есенска оаза од 45 метри квадратни – Топол стан од кој не би излегле до пролет
- Детали
- понеделник, 07 октомври 2019
Деновите стануваат пократки, температурите си бараат топли ракави и поларни ќебенца, па после неколку месеци уживање под отворено небо, време е да се прибереме дома.
Еден од домовите во кои би можеле да останеме сè до наредната пролет е токму овој удобен, топол стан, кој се наоѓа во Минхен, а се простира на само 45 метри квадратни.
Преовладуваат кафеавите и кремасти тонови, а заедно со сите пернички, ќебенца и меки додатоци, дефинитивно е мала есенска оаза на хармонијата.
Деталите и мебелот се внимателно одбрани, а терасата е веројатно една од најмагичните кои досега сме ги виделе.
Разгледајте и замислете си каков би бил животот токму тука:
М. Д. | Црнобело