Луксузни бункери: Како се подготвуваат милијардерите за апокалипсата?
- Детали
- четврток, 22 август 2019
Кога ќе слушнете за бункер, најверојатно си замислувате бетонска соба исполнета со конзервирана храна. Заканата за судниот ден можеби е исто реална како и во минатото, но денешните бункери изгледаат многу поразлично.
Многу компании ширум светот забележале зголемена побарувачка за структури што можат да ве заштитат од секаква катастрофа, но кои се исполнети со луксуз.
Барања за бункери
Голем дел од светската елита, а според изворите, и Бил Гејтс, дизајнираат тајни засолништа за семејствата. Истовремено, тие сакаат овие засолништа да нудат искуство што е можно послично со реалниот свет.
За оваа потребна најчесто се користат напуштени воени бункери за кои денес би биле потребни милиони долари да се изградат.
Овие градби се дизајнирани за да издржат нуклеарен напад, а се опремени со системи за енергија, прочистување на вода и филтрирање на воздухот. Повеќето имаат залиха на храна за една година или подолго, а некои од нив имаат и свои градини.
Дизајнерите се обидуваат да создадат и заедници со разни вештини, како лекари и наставници, кои се неопходни за преживување на подолг период.
Дизајнерска арка
Едно вакво засолниште е Vivos xPoint, а се наоѓа во Јужна Дакота. Засолништето има 575 воени бункери кои сега се претворени во установа што може да смести 5.000 луѓе.
Ентериерот на секој од бункерите е среден според желбите на сопственикот, а за ова одвоиле сума од 25.0000 до 200.000 долари. Разликата во цената зависи од тоа дали сопствениците сакаат минималистички простор или луксузен изглед.
Целото засолниште може да биде опремено со сите удобности што ги нуди еден мал град, вклучувајќи и театар, училници, клиника, па дури и спа-центар и теретана.
За оние кои сакаат нешто уште полуксузно, постои и бункерот Vivos Europa One кој е наречен модерна Ноева арка. Оваа градба нуди 34 приватни станови. Секој може да го дизајнира неговиот стан како што сака.
Големиот комплекс има и систем за транспорт што ќе ги разнесува „жителите“ низ засолништето.
Засилени домови
Во Канзас има два напуштени склада во кои се чувале боеви глави на почетокот од 1960-тите. Сега тие се претворени во домови кои можат да издржат нуклеарен напад и кои чинат над 4,5 милиони долари.
Постојат и неколку градежни компании кои градат вакви куќи што можат да се користат како засолништа.
Сопствениците имаат пристап до овие домови во секој момент, без разлика дали се случила катастрофа или само сакаат да избегаат од секојдневниот живот.
Според правилата на заедницата, во случај на несреќа, сосопствениците ќе треба да работат 4 часа на ден.
Долготраен луксуз
Доколку сакате да го дочекате судниот ден сами, или само со неколку членови од семејството и неколку пријатели, тогаш можете да го купите The Oppidum, најголемиот милијардерски бункер во светот којшто се наоѓа во Чешка.
Оваа тајна установа била градена цели 10 години, почнувајќи во 1984-та. Бункерот има куќа над земјата и подземен дел, а крајниот резултат ќе зависи од желбите на сопственикот.
Иако многумина сметаат дека луксузните додатоци во овие градби се непотребни, дизајнерите тврдат дека се критични за преживување.
Бидејќи се наменети за престој подолг од една година, дизајнерите сметаат дека бункерите би требало да бидат и удобни.
Спирова С. | Црнобело