Во Бугарија се отвори детска градинка од соништата (фото)
- Детали
- сабота, 15 декември 2018
Со шарени бои и милион начини за забава оваа градинка е сон на секое дете, но и родител.
Во градот Бургас во Бугарија, во местото „Меден рудник“, направена е детска градинка без употреба на никаква пластика.
За изградбата на оваа градинка за деца користени се само природни материјали, а преовладува дрвото од кое се направени креветите, масите, столчињата, како и многу од играчките.
Во склоп на градинката има сала за вежбање со дрвени елементи и библиотека.
Децата ќе минуваат многу време надвор, па затоа во пространиот двор има многу начини за забава. Засадени се и дрвца, кои кога ќе пораснат ќе прават убава природна сенка.
Од свирење на музички инструменти до играње плочка, децата во оваа градинка од соништата има низа одлични начини за забава.
Како изгледа градинката:
С. С. | Црнобело