Најживописната мала книжарница на светот се наоѓа во Париз (фото)
- Детали
- среда, 07 февруари 2018
Мало магично катче кое ќе ви понуди вистинско навраќање во едно поинакво време и бегање од реалноста со помош на книгите.
На брегот од реката Сена постои катче на кое не би можело да му одолее ниту еден вљубеник во пишаниот збор. Книжарницата за англиска литература „Shakespeare and Company“ се наоѓа во Париз.
Колку и да звучи чудно, но овој париски локал го чува споменот на најпознатиот англиски поет Вилијам Шекспир.
Оваа книжарница е позната што во неа доаѓале познати личности како што се Ернест Хемингвеј и Скот Фицџералд.
Ова било место, каде книгите не само што се продавале, туку и настанувале, место ослободено до парискиот гламур и место со прекрасна атмосфера. Токму во оваа книжарница по 9 години се среќаваат и ликовите од филмот „Before sunrise“.
Во книжарницата книгите се наредени од подот до плафонот и ги има во секој агол, на секоја столица. Стари дрвени скали водат до делот наменет за читање.
Туристите се маѓепсани од книжарницата „Shakespeare and Company“, а погледнете и зошто:
С. С. | Црнобело