Најавтентичното портретирање на љубовта – трилогијата филмови Before Sunrise, Before Sunset и Before Midnight
Исти актери снимаат ново продолжение од истата љубовна приказна на секои 9 години - Before Sunrise (1995), Before Sunset (2004) и Before Midnight (2013).
Ова е врвно дело од кинематографијата во портретирање на љубовта. Тука немаме бледи ликови, ниту клише разговори.
Ова е безвременска трилогија што ја следи љубовта на Селин (Џули Делпи) и Џес (Итан Хоук) во текот на целиот нивни живот. Од идеалистичките 20-ти години од нивниот живот, кога и се запознаваат, до суровата реалност на соочување на средовечни луѓе без маски, кои се промениле во неочекувана насока.
Од флерт до брак, сето тоа поткрепено со подеми и падови, разделби и смирувања, растење во и надвор од љубовта. Нивните долги разговори се длабоки и ве поттикнуваат на размислување, а нивните емоции се искрени, како на луѓето од реалноста.
Првиот дел на оваа неверојатна трилогија се сними во 1995 година и оттогаш на секои 9 години се снима ново продолжение.
Режисерот Richard Linklater доби одлични критики за трилогијата, а вториот дел Before Sunset му беше најнаградуван.
Тој и актерите на секои 9 години успеваат повторно да се најдат на иста бранова должина и да ја продолжат оваа неверојатно реална љубовна приказна.
Започнете со Before Sunrise (2005) и низ Before Sunset (2004) и Before Midnight (2013) растете во љубовта заедно со Селин и Џес:
С. С. | Црнобело