Сега можете да изнајмите кран за вашиот престој во Амстердам
- Детали
- понеделник, 05 февруари 2018
Едно од најчудните места за престој во Холандија е дефинитивно кранот со поглед на реката Иј во Амстердам кое сега може да се изнајми како луксузен апартман.
Како потсетување на индустриското минато на регионот, три контејнери за транспорт се вметнати во конструкцијата на кранот и се адаптирани во простор за живеење.
Апартманот го изнајмува локална фирма којашто за да ја изведе оваа адаптација, соработувала со општината и со организација посветена на конзервација на историски згради.
Кранот е лоциран на источните докови во холандскиот град коишто претрпеле големи бомбардирања за време на Втората светска војна. Откако завршила војната, Кралската холандска парабродска компанија (KNSM) нарачала изградба на неколку нови кранови, меѓу кои и Figee кранот 2868.
Кранот бил изграден во 1957 год., а работел до 1979 година и е именуван по браќата Figee - сопственици на Haarlemsche Machinefabriek, компанија којашто била изведувач на крановите.
Дизајнот на апартманот во кранот е инспириран од индустриската историја на Амстердам, додека истовремено на гостите им нуди прекрасен поглед на целата околина. Апартманот има вкупно 40м2 распоредени во три контејнери наредени еден врз друг.
Скалите од доковите водат до влезот на најниското ниво, коешто е простор за седење со кујна и трпезарија. Следниот кат е спална соба со бања, а најгорниот кат е, исто така, спална соба во која едниот ѕид е целосно заменет со панорамски прозорец.
Дали ви престојувале во кран за време на вашата посета на Амстердам?
(О)Милена | Црнобело