100 години стар театар претворен во најраскошната книжарница на светот (фото)
- Детали
- сабота, 23 декември 2017
Во престолнината на Аргентина се наоѓа една од најраскошните книжарници на светот.
Една од задолжителните станици во разгледот на Буенос Аирес е познатата книжарница „El Ateneo Grand Splendid“. Таа е идеална дестинација за дружење со книгите.
Нејзиниот импресивен ентериер е дело на архитектите Перо и Торес Арменгол и таа го задржала автентичниот и величествен изглед на речиси 100 години старата театарска зграда во која е направена.
Оригиналната зграда е отворена во мај 1919 година и како и целата архитектура од таа доба била украсена со богати, класични детали, впечатливи столбови и раскошни цртежи на таваните.
Иако културниот живот во престолнината на Аргентина бил многу богат, овој раскошен театар бил претворен во кино, а во 2000 година во книжарница.
Архитектите при приспособувањето одлучиле да ја задржат и раскошната црвена завеса, карактеристична за секој театар.
Почувствувајте дел од атмосферата во оваа прекрасна книжарница:
С. С. | Црнобело