Бијонсе и Џеј Зи потрошија 26 милиони долари за вила за одмор во Хемптонс
- Детали
- вторник, 26 септември 2017
Откако купија имот во Лос Анџелес вреден 88 милиони долари, Бијонсе и Џеј Зи се подновија со нова куќа, со пониска цена од 26 милиони долари.
Откако летово одмараа во вилата во Малибу, Бијонсе и Џеј Зи решија да се подноват со нова куќа во уште една луксузна населба, и тоа во Хемптонс, во близина на Њујорк.
Славниот пар во моментов е најплатениот холивудски пар во светот, со вкупна заработка од 1,16 милијарди долари, според Forbes.
Куќата во Хемптонс е изградена многу одамна, но неодамна била целосно реновирана и опремена во модерен стил. Имотот се протега на површина од околу 1.114 метри квадратни и е опкружен со зеленило и вода.
Внатре има доволно простор за целото семејство, со 7 спални соби и 7 тоалети.
Ѕирнете во новата луксузна куќа на славното семејство Картер:
М. В. | Црнобело