Како изгледа една од најубавите книжарници во светот?
- Детали
- четврток, 10 август 2017
Бавната пропаст на печатените книги е неизбежна во сите земји во светот. Некои книжарници се обидуваат да покријат падот во продажбата на книги со продавање подароци и играчки.
Сепак, кога ќе дојдете до делот каде што се продаваат книги ќе видите дека не се сменило многу во последните 20 години – редици од полици со книги, добро осветлување и ништо повеќе.
Сепак ова се менува во една од земјите со најголема потрошувачка на книги во светот – Кина. Шангајските дизајнерски студија Wutopia Lab и ArchUnits создадоа многу уникатна книжарница.
За да наметнат ред во широкиот простор, тие спуштиле перфориран алуминиум од плафонот, обликувајќи ги панелите во бранови од меки пастелни бои, каде што секоја нијанса на розова, црвена и зелена боја означуваат различна зона во книжарницата.
Ниските бели полици за книги формираат библиографска долина која се издигнува наспроти серијата плитки скалила – коишто исто така се исполнети со книги и кулминираат во високи, долги и темни полици кои се протегаат низ централното јадро.
Масите за читање со тенки ногарки и ниски столчиња се практични за набрзина да ги разгледате книгите кои сакате да ги купите, додека пак детската зона се состои од 3Д исечоци од фасади од куќички кои се наредени околу темен кружен таван, осветлен со оптички влакна и претставува илузија на ноќно небо.
Благодарејќи на визуелно допадливиот и промислен дизајн, оваа книжарница секојдневно привлекува голем број на купувачи.
Погледнете го магичниот простор во кој ќе се вљубите на прв поглед:
(О)Милена | Црнобело