Катче за младо семејство: Дом кој зрачи со љубов и позитивна енергија (фото)
- Детали
- среда, 02 август 2017
Постојат домови кои се толку ведри и привлечни, што посакувате никогаш да не ги напуштите. Овој преубаво „скоцкан“ простор е еден од нив.
Проектирањето животен простор за младо семејство е предизвик за повеќето дизајнери.
Домот кој ви го претставуваме во продолжение, пак, најдобар пример е за тоа како еден ентериер може да одговори на сите потреби на брачна двојка со мали деца, а притоа функционалноста и естетиката да се во совршен баланс.
За жолтата боја е познато дека внесува оптимизам и позитивна енергија во буквално секоја просторија, а во овој ентериер, таа буди и прекрасно летно чувство во амбиентот. Жолтата е одличен колоритен акцент, посебно што основната шема на бои е монохроматска, сива и бела.
Покрај сончево жолтата нијанса, на атмосферата влијаат и геометриските форми (плочките, дезенот на перниците, графичкиот мебел) подеднакво. За топлината, пак, задолжени се дрвените елементи, почнувајќи од мебелот и подот, па сè до огревното дрво, кое е видливо складирано.
Станот се наоѓа во Полска, дело е на студиото „SHOKO.DESIGN“, а конципиран е на тема – модерно бохо.
Мноштво книги, цвеќиња и комфор - сè е уредено со многу љубов и душа, а насмевките на станарите и го потврдуваат тоа:
М. А. | Црнобело