Омиленото место на Инстаграм блогерките: Розовата куќа во Париз
- Детали
- понеделник, 24 јули 2017
Ако читате на некој блог за патување кои се местата кои треба да ги посетите во Париз или гледате фотки на Инстаграм од патувањата на блогерките и познатите личности, сигурно ќе ја видите легендарната розова куќичка, Le Maison Rose.
Ова место не е спектакуларно како Ајфеловата Кула или градините на музејот Лувр, а сепак е задолжителна дестинација на сите патници и едно од најфотографираните знаменитости во Градот на светлината.
Станува збор за мал ресторан со типичен Париски дух со розова фасада по која се одвојува од сите бели згради на таа уличка.
Толку е сладок и магичен, што веднаш нé тера да одиме и да видиме што има внатре. Ако судиме по фотографиите, сигурно внатре се кријат вкусни француски кафиња и чоколадни кроасани.
Инспирирајте се од фотографиите и никако не го прескокнувајте Le Maison Rose на следното патување во Париз:
М. В. | Црнобело