Летна бајка: Камена вила во Ровињ
- Детали
- недела, 06 август 2017
Оваа прекрасна куќа за одмор се наоѓа во градот Ровињ во Хрватска и е во склоп на неколку објекти во чие опкружување се наоѓа огромна градина каде се одгледуваат овошје и зеленчук.
Во склоп на објектите има и фитнес сала на отворено, две тениски игралишта и терени за одбојка, ракомет и фудбал.
Елегантно уредена, софистицирана и сместена на прекрасна локација на дофат на најубавите сончеви плажи, вилата Ellie претставува врвно архитектонско достигнување. На приземјето е сместен дневниот престој со отворен план.
Камените плочки во комбинација со каминот му даваат топол амбиент на целокупниот простор, а мебелот кој претставува комбинација од модерни и винтиџ елементи даваат романтична нота на вилата.
Погледнете како изгледа оваа летна куќа и инспирирајте се:
М. В. | Црнобело