Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Куќа каде би сакале да го поминеме цело лето

Француската ривиера се карактеризира со прекрасна медитеранска клима, зелени ридови коишто се целосно пошумени и села со мали објекти коишто одлично се вклопуваат во овие мирни локации.

fantastichna-selska-kukja-na-francuskata-riviera-2.jpg

Проектот којшто можете да го погледнете на фотографиите подолу, е продолжение на постоечка стара куќа, сместена на крајот од патот од селото Сперацедес и се одликува со терасовидни градини и камени ѕидови. Обликот на куќата е дефиниран во контекс на населбата – со хоризонтални линии и нежни преливи.

Главната куќа е изградена на страната од еден рид. Таа го инкорпорира дизајнот од околните градби – правоаголен, компактен и симетричен облик, со камено-врамен влез и мали прозорци  Фасадата е направена на начин да не го наруши пејзажот на околината.

Долниот спрат од помошниот објект е закопан во самиот рид, на начин што обезбедува одлична природна изолација и пријатна температура.

Генерално, оваа куќа е проект којшто одлично се вклопува во околината, додека истовремено дише во допир со модернизмот без да го наруши историскиот контекс. Со обнување внимание на географијата на местото и традиционалните техники на градење, оваа градба го поседува духот на регионот и претставува негова атракција.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 мали локали во Скопје со душа – идеални за утринско кафе или појадок Имаат по неколку масички, со љубов уредени, а во нив опива мирис на квалитетно к...
На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
На гости кај Пале: Стан од 116m2 во Струмица во класичен стил со драпери, мебел од цреша и раскошни... „Цели 28 години живеевме во куќата на мојот сопруг, заедно со нашите две деца. Н...
На гости кај Мартин и Маринела: Семејна куќа во Ново Село со празнично украсенa терасa (фото) „Во дневната соба фокусот е на декоративниот панел, а терасата секоја година ни ...
Боинг 737 претворен во луксузна вила со прекрасен поглед - би се сместиле ли тука? На врвот на карпата во близина на плажа во Бали се наоѓа авион. И не, не е таков...
На гости кај семејството Папакоч во Љубаништа: Куќа од 100m2 со базен, мебел од бамбус и многу розов... „Во минатото, ова ни беше летна резиденција, а сега е постојан дом на моите роди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg