Станче во кое царува пролетта (фото)
- Детали
- вторник, 25 април 2017
Со површина од 33 метри квадратни, ова цветно катче е вистинска оаза на оптимизмот и убавите пролетни мотиви.
Постојат домови кои се толку ведри и кокетни, што во нив се вљубувате на прв поглед. Станот кој ви го претставуваме е еден од нив.
Пролетта е сезона која повеќето луѓе ја обожуваат, а токму фасцинацијата од ова годишно време била главна инспирација за уредувањето на просторот, па како стилска тема доминира низ целиот стан.
Ентериерот претставува микс на старото и новото, со шармантни винтиџ детали и модерен мебел кои се искомбинирани мошне вкусно и со мера.
Цвеќињата се најубавиот симбол на пролетта, а во овој мини дом ги има секаде и во секакви форми, почнувајќи од цветните аранжмани, па сè до тапетите со флорален дезен.
За амбиентот да биде уште поверодостоен, покрај белата боја, која ја сочинува основата на станот, во неговиот дизајн е вметната и сончевата жолта нијанса, која зрачи со топлина и оптимизам.
Секое катче е зачинето и со уникатни декорации, кои му даваат карактер и автентичност на домот.
Прекрасно, зар не? Погледнете ги фотографиите и споделете ги вашите импресии:
М. А. | Црнобело